Премиерот Киријакос Мицотакис како можна причина за таквиот резултат ги наведе рекордните бројки на воздржани, пренесува Политико.
Нова демократија ја задржа предноста во однос на своите противници, но нејзиниот удел на гласови падна за 13 отсто во однос на минатогодишните национални избори и пет отсто во однос на последните европски избори.
Како што се наведува, се очекува наскоро да се спроведе темелна реконструкција на кабинетот.
На изборите за ЕП Нова демократија освои 28,31 отсто од гласовите, опозициската левичарска Сириза освои четири мандати со 14,92 отсто, додека социјалистичката Пасок има три мандати со 12,79 отсто.
Националистичката партија Грчко решение освои два мандати со 9,3 отсто од гласовите, а комунистичката партија ККЕ два мандати со 9,25 отсто.
По еден мандат освоија партиите Ники со 4,37, Патот на слободата со 3,4 и Гласот на разумот со 3 отсто од гласовите.