сабота, 27 јули 2024

Грчката православна црква е „целосно против“ истополовите бракови

Светиот синод на Грчката православна црква денес објави дека е „целосно против“ планот на владата да ги легализира истополовите бракови, за што закон треба да биде поднесен во собранието следниот месец.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Државата пропишува, но тоа Црквата не ја лишува од слобода на изразување, ниту ја ослободува од должноста да го известува народот. Ако молчи, сноси тешка одговорност“, оцени Синодот на крајот на вонредното заседание кое траело повеќе од пет часа.

Митрополитите на Грчката православна црква, која со уставот не е одвоена од државата, одлучија писмата во кои го изразуваат својот став да им ги испратат на сите пратеници од собранието (кои ги има 300), на 4 февруари да им се обратат на верниците во сите цркви во Грција и со летоци да ги известат за противењето на предлог законот кој мора да биде усвоен во следните денови во Советот на министри.

Според нив, предлог законот ќе промовира „укинување на татковството и мајчинството“ и „исчезнување на родовите улоги во семејството“.

„Таа законодавна институција ги осудува идните деца да растат без мајка и татко, во опкружување на конфузија на родителските улоги“, сметаат митрополитите.

Премиерот Киријакос Мицотакис неодамна најави дека предлог законот треба да биде разгледан во собранието до средината на февруари, и покрај противењето на Црквата која има големо влијание врз општеството и дел од конзервативниот табор чиј член е и тој самиот.

„Ние ќе го слушнеме мислењето на Црквата, но државата ги носи законите, таа не ги носи законите во соработка со Црквата“, истакна Мицотакис, претставувајќи го својот проект.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ