понеделник, 21 октомври 2024

Грчката полиција идентификува пет лица кои насилно упаднале на изложбата на македонскиот уметник Андреевски во Солун

Објавено на

часот

Сподели

Како што јави МИА од Атина, против сите е покренат предмет за недозволено насилство, кривично дело со расистички карактеристики и за поттикнување на извршување кривични дела, дела на насилство или раздор против лице врз основа на национално потекло.

„Сторителите заедно со уште осум непознати соучесници, дејствувајќи како група со обединети сили, ментална поврзаност и националистички мотиви и со скриени лични карактеристики, упаднаа со закачување печатен материјал и повикувајќи го уметникот да ја прекине изложбата“, соопштија од грчката полиција.  

Воедно, додаваат дека истрагата продолжува за идентификација на останатите инволвирани лица.

На 26 април, група членови на Златна зора, која со судска одлука е криминална организација, со маски на лицата, капчиња и качулки за да ги скријат нивните лица, упаднаа во галеријата на солунската Општина Каламариа каде што во тек беше изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ