сабота, 27 јули 2024

Грчката група Вилеџерс оф Јанина првпат во Скопје

Светската група, експериментален секстет од Јанина, Грција – Вилеџерт оф Јанина сити (VILLAGERS OF IOANNINA CITY) првпат вечерва ќе настапат во Скопје. Концертот ќе се одржи во Младинскиот културен центар со почеток во 21 часот.

Објавено на

часот

Сподели

Овој музички состав, кој својата 45-дневна европска турнеја ја започнува токму во Скопје, постои од 2007 година и оттогаш ги освојува европските музички фестивали. Нивната музика се класифицира како пост, стонер и психоделичен рок со карактеристична полифонија, специфични ритми и употреба на фолклорна музика од Епир на кларинет, кавал и гајда.

Од нивното оформување до денес, имаат издадено три студиски албуми – “Riza” (2010), “Age of Aquarius” (2019) и последниот “Through space and time” (2021). Од самите нивни почетоци, Villagers of Ioannina City патуваат низ цела Грција, како и во голем дел од европските метрополи (Берлин, Амстердам, Барселона, Лондон). Нивните концерти вклучуваат вистински музичко-светлосен продукциски спектакл чија цел е да ја понесе публиката на мистично космичко патување. За тоа говорат и двата концерти во Атина во 2015 и 2019 со повеќе од 6.000 присутна публика.

„Villagers of Ioannina City првпат во Скопје, се надеваме не и последен“ – изјавуваат организаторите од МКЦ.

Концертот е дел од културната понуда на Град Скопје како „Европска престолнина на културата“ за 2028 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ