сабота, 27 јули 2024

Грчевски: Со добра ждрепка на ЕП, можеме да ја поминеме групата

Женската ракометна репрезентација на Македонија вчера го завери учеството на Европското првенство, а селекторот Кристијан Грчевски е оптимист дека и на континенталниот собир може да направиме успех.

Објавено на

часот

Сподели

Нашите ракометарки вчера го победија Азербејџан во Баку, а Шпанија ја совлада Литванија, тоа значеше пласман на Македонија на Европското првенство на коло пред крајот на квалификациите.

„Многу важна победа за нас, со неа заверивме пласман на Европското првенство. Отворивме добро, имавме мал пад, но го пребродивме, сепак бевме под притисок. Девојките одиграа како што треба, тоа што се договоривме го исполнија“, вели селекторот Грчевски.

„Им честитам на ракометарките за играта и за борбеноста, сериозно го сфатија мечот против Азербејџан, иако како противник е послаб, сите знаеме што значи ако некого потцениш“.

„Се подрудивме сите во составот да добијат минутажа, а истовремено да заштедиме сили за Литванија. Иако оваа средба не е важна резултатски од аспект за пласман на Европското првенство, сепак би сакале да извојуваме победа на домашен терен, триумфално и во позитивна атмосфера да го затвориме овој циклус“.

„Се надевам дека со добра ждрепка на Европското првенство можеме најмалку да ја поминеме групата, па потоа ќе размислуваме за понатаму“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ