понеделник, 16 декември 2024

Границата на НАТО со Русија се удвои со влезот на Финска во Алијансата

Објавено на

часот

Сподели

Финскиот министер за надворешни работи го потпиша документот за пристапување и му го предаде на американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Пристапувањето на Финска е пораз за рускиот претседател Владимир Путин, кој се обиде да ја оправда сеопфатната инвазија на Украина со, меѓу другото, заканата од проширувањето на НАТО. Северноатлантскиот сојуз не се прошири на Украина, што Путин го претставуваше како закана за Русија, но неговата инвазија доведе до тоа НАТО навистина да се прошири, но на Финска.

Наскоро би можело да се прошири и на Шведска, која исто така ја започна процедурата за влез во НАТО, но нејзиниот прием беше комплициран од Турција, а останува да го одобри и Унгарија.

д

Должината на руската граница со земјите-членки на НАТО се удвои со влезот на Финска во Сојузот. Финска има 1.340 километри долга источна граница со Русија и официјално поднесе барање за членство во НАТО со Шведска минатиот мај поради руската војна во Украина.

И Финска и Шведска претходно водеа политика на неврзување, но по руската инвазија на Украина решија да се приклучат на НАТО, кое нуди заштита на своите членки преку Членот 5, во кој се вели дека нападот врз една членка е напад врз сите.

Тоа значи дека во случај на напад на Финска, сите членки на НАТО би ѝ дошле на помош на земјата. Руската инвазија предизвика финското јавно мислење за влез во НАТО да се зголеми на 80%.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ