сабота, 27 јули 2024

Граната стара повеќе од 100 години повторно најдена во битолскиот регион

Битолскиот регион е еден од регионите во Македонија каде често се наоѓаат гранати и бомби од Првата и Втората светска војна. Вчера била најдена неексплодирана граната од Првата светска војна во атарот на селото Добромири.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 12.40 часот во атарот на селото Добромири безбедно била отстранета неексплодирана артилериска граната, калибар 75 mm, стара повеќе од 100 години, која била истрелана, но неексплодирала, за време на борбите во Првата Светска Војна, информираат од Регионалниот ЦУК Битола.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) посочуваат дека во овој период се пронајдени такви неексплодирани експлозивни средства во повеќе случаи и затоа препорачуваат да се внимава при зимските прошетки, како и при градежни работи, копање темели и слично во реон на Македонскиот фронт, што е именуван и како Солунски – генерално во појасна линија на Битолско и Дојранско до јужната државна граница.

„Ако се пронајде неексплодирано експлозивно средство од минатите војни, не треба се помрднува од местото на наоѓање, се оддалечува од него на безбедно место и треба веднаш да се пријави на 112 во ЦУК за неговата локација, по што координирано со надлежните институции од Системот за управување со кризи безбедно ќе се отстрани или уништи“, информираат од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ