сабота, 27 јули 2024

Граната, мина и рачна бомба од Првата светска војна пронајдени во Канатларци

Вчера, по дојава на граѓани, од атарот на село Канатларци во Општина Прилеп безбедно се подигнати и отстранети една артилериска граната 155 мм, една мина од минофрлач 75 мм и една рачна бомба. Сите неексплодирани убојни средства се од Првата светска војна.

Објавено на

часот

Сподели

Гранатата, мината и рачната бомба безбедно се пренесени во магацинот на Дирекцијата за заштита и спасување во Битола и со нив ќе се постапува според стандардните оперативни процедури за вакви случаи, соопшти Центарот за управување со кризи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ