сабота, 27 април 2024

Гран при за маската Тутуноберачите на прилепскиот карневал Прочка 2024

Групната маска Тутуноберачите на децата од прилепските градинки „Наша иднина“ ја понесе Гран при наградата на годинашниов прилепски карневал Прочка 2024.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Прво место освоија учениците од ОУ Рампо Левката со маската Весела дружина на водното царство. Поединечно, најдобра беше маската Мистик на Мила Спироска од ОУ Климент Охридски.

На денешниот карневал во Прилеп околу 500 учесници ги претставија своите маски пред прилепчани. Карневалското дефиле го предводеа прилепските мечкари кои се заштитна маска на Карневалот и се прогласени за нематеријално културно богатство од Министерството за култура.

Карневалските свечености траеја три дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ