четврток, 26 декември 2024

Граѓанскиот протест во Белград помина без инциденти, се бараа оставки од српскиот премиер и градоначалникот на Нови Сад

Протестот во центарот на Белград, на кој се бараше одговорност за смртта на 14 луѓе во Нови Сад, заврши.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Граѓаните прошетаа до зградата на Претседателството на Србија, каде без предадени барања до Народната скупштина на Србија, меѓу кои и оставка од премиерот Милош Вучевиќ.

На чело на колоната имаше голем транспарент со натпис „Корупцијата убива“.

Како што јавуваат српските медиуми, протестот помина без ниеден инцидент.

Архивот на јавни собори на Србија соопшти дека на вечерашниот протест пред владата на Србија се собрале меѓу 9.000 и 10.000 луѓе. Се напоменува дека поради неповолните метеоролошки услови не било можно да се направи проценка со поединечно броење, па наместо тоа е направена со теренско снимање на густината и заземената површина.

Барањата претходно на протестот пред владата на Србија ги прочита пратеникот Борислав Новаковиќ, кој потсети дека се бара и оставка од градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ.

Се бара и објавување на сите тајни договори поврзани со реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, како и апсење на одговорните за „убиството на 14 луѓе“.

Меѓу барањата се и пуштање на слобода на сите приведени по неодамнешните протести во Нови Сад како и вонредна контрола на инфраструктурните проекти кои се работени во последните десет години.

Доколку власта не ги земе предвид барањата од протестот, опозициските пратеници во парламентот ќе поднесат барање за одржување седница на која би се расправало за доверба на владата на Вучевиќ, се истакнува.

Протестот почна со читање на имињата на настраданите и минута молк, а на собраните им се обрати водителот Смилјан Бањац кој потсети што се случи.

„Не отпатуваа, туку за секунда исчезнаа под арматурите, бетонот и прашината на таа злокобна натстрешница. Тоа можеше да биде кој било од вас“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ