среда, 30 октомври 2024

Граѓаните што ќе доаѓаат од Германија или Британија ќе мора да платат 30 евра за патен лист што ќе важи 30 дена

Македонските амбасади во Берлин и во Лондон на своите официјални фејсбук-страници објавија инструкции за државјаните на Македонија што престојуваат во странска држава и кои до 12 февруари 2024 година сѐ уште немаат извадено нов пасош, а имаат намера да аплицираат за издавање пасоши во Македонија, дека можат да се вратат во земјата со патен лист што се вади без термин, со важност на траење од 30 дена од денот на издавање и служи само за враќање во државата. Овој привремен документ чини 30 евра и е на трошок на граѓаните.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ги информираме сите кои ќе поднесат барање за нова патна исправа дека времето за издавање на нов пасош од денот на поднесување на барањето во просек изнесува 50-75 дена, по што пасошите можат да лично да ги подигнат во Дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) каде го поднеле барањето. Напоменуваме дека при издавањето на патните листови пасошите со старото уставно име „Република Македонија„ да не бидат поништувани. Потребни документи за издавање на патен лист се пасош, пополнето барање за издавање на патен лист, две слики и конзуларна такса од 30 евра“, објавија од македонската амбасада во Берлин, Германија.

Од македонската амбасада во Лондон на Фејсбук известија дека сите македонски државјани што престојуваат во Обединетото Кралство и Ирска може да аплицираат за издавање пасош во македонската амбасада во Лондон, со закажување термин, преку електронската адреса – [email protected] со назнака „обнова на патна исправа”.

„Доколку државјаните на Република Северна Македонија кои престојуваат во странска држава и кои до 12 февруари 2024 година сѐ уште немаат извадено нов пасош, а имаат намера да аплицираат за издавање на пасош во Република Северна Македонија, истите можат да се патуваат со ‘патен лист’ издаден од македонската Амбасадата во Лондон. Патниот лист е важечки документ за патување во еден правец, кон Република Северна Македонија, а во земјата треба да се поднесе барање за издавање нова патна исправа (пасош), со новото уставно име Република Северна Македонија. При издавањето на патните листови, пасошите со старото уставно име Република Македонија нема да бидат поништени“, пишува во објавата на Фејсбук од Амбасадата.

Се појаснува дека патниот лист се издава со закажување на термин на електронската адреса – [email protected] со назнака „итен патен лист„ по можност 1-2 недели пред патувањето кон Македонија.

„Потребни документи за издавање патен лист се пасош, пополнето барање за издавање на патен лист, две фотографии, конзуларна такса од 27 фунти. Патниот лист се издава истиот ден кога се поднесува документацијата во Амбасадата и важи 30 дена од дaтумот на издавање“, објавија на Фејсбук од македонската амбасада во Лондон.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ