сабота, 27 јули 2024

Граѓаните од денеска ќе можат да видат како партиите ги трошеле народните пари во 2023

Во интерес на обезбедување законитост, транспарентност и отчетност кон граѓаните за трошењето на парите обезбедени од Буџетот на државата за финансирање на активностите од редовното работење на политичките партии регистрирани во земјата, Државниот завод за ревизија (ДЗР) на својата веб стрница ги објави финансиските извештаи на политичките партии.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Извештаите, достапни на нашата веб-страница, овозможуваат детален преглед на начинот на трошење на јавните фондови од страна на политичките партии. Со објавувањето на извештаите не само што се подобрува транспарентноста, туку им се дава можност на граѓаните да добијат детален преглед за начинот на управување со јавните средства од страна на политичките партии. Со цел да ги поттикнеме граѓаните да бидат активни и информирани учесници во демократските процеси, ги покануваме сите заинтересирани страни да ги прегледаат објавените извештаи на нашата официјална веб-страница“, соопштија од ДЗР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ