За неколку дена треба да стапи на сила и Законот за нефер трговски практики. Се разгледуваат можните мерки со намалување на маржите на одредени прехранбени продукти, на даноците или намалување на царините на одредени производи.
Владата веќе најави дека вакви мерки ќе има и за божиќна, велигденска и рамазанска кошница.
Од стопанските комори предупредуваат дека ваквите ад хок мерки може да поттикнат дополнителна инфалција.
Владата веќе одлучи да ги замрзне цените на дел од училишниот прибор, а тие ќе бидат со ограничени маржи до 20-ти октомври.
Граѓаните очекуваат сериозна интервенција во намалување на цените на основните продукти.
Инфлацијата за 2023 година во Македонија беше 9,4%. Проекциите за годинава се дека таа бројка ќе биде 3,5%.