петок, 18 октомври 2024

Граѓански организации бараат оставки од членовите на Судскиот совет 

Објавено на

часот

Сподели

Тие сметаат дека на 26 април Судскиот совет спротивно на Деловникот за работа вметна точка во веќе изгласаниот дневен ред, по што одлучуваше за разрешување на претседателот на Судскиот совет без да ги почитува правилата предвидени во законот кои се однесуваат на потребното мнозинство за избор, како и на одредбите кои ја уредуваат дисциплинската постапка во рамки на која единствено може да се утврди несоодветно постапување на член на Советот, вклучително и на претседателот.

На 4 мај 2023 година, Судскиот совет соопшти дека е закажана седница само 15 минути пред нејзиниот почеток, а истиот ден извести дека во меѓувреме се оствариле две седници без присуство на новинарите, што е надвор од законските основи за исклучување на јавноста, како и без следење на процедурите за исклучување и без образложение за причините за истото.

На јавната седница не беа усвоени записници од претходните седници, ниту беше реферирано што се случувало на седниците на кои јавноста беше незаконски оневозможена да присуствува, туку Советот продолжи со избор на нов претседател како јавноста веќе да е запознаена со сѐ што се случувало претходно на нејавните седници. На овие нејавни седници, според соопштенијата објавени на веб страницата дури откако беше завршена јавната седница од 4 мај, била повлечена одлуката за разрешување на претседателот, иако законот не предвидува можност за повлекување на донесени одлуки на Советот, а е направено повторно разрешување, надвор од каква било законски предвидена процедура.
Вчера Судскиот совет одлучи да ги отстрани камерите од просторијата каде се одржува седницата, што е прв пат во работата на советот да се отстранат камерите на новинарските екипи, а ова е сторено откако се случија сите претходни отстапувања од законот и Деловникот за работа. Ова за жал е дополнително намалување на транспарентноста на Советот, а воедно говори во насока на тоа дека членовите на Советот ја гледаат транспарентноста и јавноста на нивното работење како главна причина за состојбите, а не нивното сопствено незаконско постапување.
Платформата со жалење констатира дека Советот продолжува да ги темели своите одлуки врз незаконско постапување, со што ја урнисува веќе лошата репутација на правосудството во јавноста. Имајќи предвид дека неправото не може да стане право, Судскиот совет ја изгуби легитимноста да биде тело кое ќе ја штити судската независност, ќе ја унапреди репутацијата на судскиот систем во јавноста и ќе гарантира отчетност и квалитет во работата на судиите. Затоа, бараме од актуелните членови да поднесат оставки и да овозможат формирање на друг состав на Советот, како единствен кредибилен начин за надминување на состојбите предизвикани од незаконско постапување на Советот
“, соопшти Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ