„Остваривме средби со деканите на Градежниот и на Архитектонскиот факултет, како и со ректорката на УКИМ за да изнајдеме решение. Се согласивме дека треба да се искористи просторот зад факултетот, да се отстрани бараката и да се направи свртница која ќе биде функционална” рече Герасимовски.
Локалната самоуправа го поддржа и предлогот на граѓаните од претходната буџетска сесија одржана во ноември за хортикултурно и партерно уредување на населбата Капиштец, за што веќе се обезбедени 25 милиони денари.
,,Овој проект на потегот од паркингот Зебра до паркот Капиштец ќе ја разубави населбата со ново зеленило, осветлување и со ново партерно уредување“, истакна Герасимовски.
На средбагта граѓаните реагирале и барале решение за проблемот со паркирањето, бучавата од клубовите,и за узурпирањето на јавниот простор од страна на дуќаните и кафулињата.