сабота, 27 јули 2024
Средба Грковска-НКЕУ-МК

Граѓаните мора да бидат информирани за сите активности поврзани со пристапниот процес во ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти владината прес-служба, НКЕУ-МК е демократски форум за отворен и транспарентен дијалог за прашања поврзани со пристапните преговори за членство во Европската Унија.
 
„Претставниците на НКЕУ-МК ја информираа вицепремиерката Грковска за досегашните активности на оваа платформа, која изминативе седум години активно работи на развивање на широка и стручна партиципативност во подготовката на релевантни содржини. Од нивната досегашна работа, од кластерска перспектива, произлегле 600 публикувани препораки до државните институции“, пишува во соопштението.  

Повод за денешната средба е новата етапа во работата на НКЕУ-МК, која се фокусира на борбата со корупцијата и заштитата на финансиските интереси на државата.

„Во таа насока, беше побарана поддршка и вклучување на вицепремиерката за добро владеење во активностите на новоформираната Работна група за антикорупција, која во наредниот период ќе работи на препораки за подобрување на управувањето со јавните финансиии и фискалната транспарентност, со цел намалување на можностите за коруптивно однесување во јавниот сектор“, се вели во соопштението.

Вицепремиерката Грковска изрази подготвеност за поддршка на Националната конвенција за ЕУ и истакна дека во сите активности поврзани со пристапниот процес мора да се подобрува и информираноста на граѓаните за придобивките од членството во Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ