сабота, 27 јули 2024

Граѓани и велешки фирми се жалат дека им прегоруваат скапи апарати оти ЕВН не ги информира кога ќе немаат струја

Граѓаните на Велес и велешко, како и сопствениците на фирми во овој регион апелираат до надлежните во ЕВН Подружница Велес претходно да ги информира дека ќе им ја ислучува струјата и од колку до колку часот навреме да бидат информирани. Тие потенцираат и се револтирани бидејќи без навремена информација дека струјата ќе им биде исклучена струјата, како последица на ненавремена информација им прегоруваат скапи електрични апарати и компјутери.

Објавено на

часот

Сподели

Тие посочуваат дека порано ЕВН Велес ги информирал преку локалното радио и други локални медиуми, но последниве години воопшто и не се информирани кога и во колку часот ќе им биде исклучена струјата.

Тие потенцираат дека потоа кога ќе дојде висок напон на струја тие не се дома и има многу случаи на прегорени скапи електрични апарати и компјутери.

Лидија Николовска сопственик на фирма се жали дека тие немаат службено лице со кого може да комуницираат во ЕВН Подружница Велес,за овој проблем.

„За разлика од порано кога навреме информираа за исклучување на струјата, откако ЕВН се приватизира, ние како фирми воопшто и не сме известени кога ќе биде исклучена и кога повторно ќе ни биде вклучена струјата. Поради тоа веќе со години наназад трпиме големи штети, а освен што неможеме да работиме без струја, често се случува да ни се расипат и машините па и компјутерите и тоа после е на наш трошок“, потенцира револтирано Николовска.

Граѓаните и сопствениците на фирми од Велес и велешко апелираат до ЕВН да постави лице за односи со јавност во ЕВН Подружница Велес. Со тоа ќе имаат со кого да комуницираат и кој навреме ќе ги  информира за идните прекини на електрична струја.

Тие посочуваат дека информирањето може да биде со директен контакт или мејл испратен до нив или преку медиумите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ