Од СВР Тетово информираат дека полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле службен разговор со тројца малолетници од Гостивар. Тие, по преземени мерки и активности беа идентификувани дека на 10 јули годинава на четири станбени згради и трафостаница на улиците Мара Угринова и Гоце Делчев во Гостивар испишале неколку графити со заканувачки содржини.
„Во текот на разговорите, тројцата малолетници го признаа делото, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок“, наведуваат од СВР Тетово.