Фрипик ги анализираше прегледите на Гугл за 2.300 зелени површини во 100-те најпопуларни градови во светот, со цел да создаде ранг листа на градовите со најголем број зелени површини, како и нивната популарност, пренесува Тајм аут.
На врвот на листата е Токио, со импресивни 159 зелени површини распространети низ градот, повеќе од двојно од второпласираниот Лондон, кој има 78 паркови.
Има многу за истражување во Јапонија – Паркот Јојоги, кој многумина го нарекуваат „Токиски Централ Парк“ и Уено Парк, кој сега треба да биде во полн цут на црешата.
На трето место е Париз со 63 зелени површини, меѓу кои и Луксембуршките градини и Боа де Булоњ.
Други градови со најмногу зелени површини се: Сингапур, Њујорк, Сиетл, Буенос Аирес, Рим, Мадрид, Сан Франциско, Торонто, Барселона, Истанбул, Берлин, Сао Паоло, Сиднеј, Сеул, Фукуока, Калгари и Милано.