четврток, 24 октомври 2024

Градот Сплит одлучи да му подигне спомен плоча на убиениот македонски војник на ЈНА Гешковски, навивачите на Хајдук се заканија дека нема да го дозволат тоа

Комисијата за именување на улици и плоштади на Советот на Градот Сплит, Хрватска неодамна одлучи да постави спомен-плоча на убиениот македонски војник во поранешната Југословенска армија (ЈНА) во војната во 1991 година Сашко Гешовски, но таквата одлука наиде на жестока реакција од страна на навивачката група на фудбалскиот клуб Хајдук, Торцида. Последниот збор ќе го има Совет на градот кој треба да ја изгласа одлуката на градската комисија. На 6 мај 1991 година во хрватскиот град Сплит се одржаа демонстрации против тогашната ЈНА.

Објавено на

часот

Сподели

Навивачката група Торцида најави дека ќе го спречи поставувањето на спомен плочата на Сашко Гешовски, македонски воен рок на ЈНА, кој загина на големиот протест на 6 мај 1991 година, пред зградата на Бановина во Сплит.

„Градоначалник, заменик градоначалник и сите други клошари кои се кријат зад разни совети, комисии и иницијативи, имаме порака за вас! Никогаш, никогаш, нема да дозволиме да ги оцрнувате и клеветите хрватските ветерани, нивните семејства и сите други жители на Сплит и Хрватите, ниту да го користите јавниот простор за одвратни обиди за освојување политички поени на начин што ги обезвреднува вредностите и жртви на Татковинската војна со подигање споменици на регрути на непријателските и криминалните војски. Ваквите обиди, како кирилицата, немаат место во Сплит! И, држете нѐ за збор, можете само да го пробате тоа!“ објави навивчката група ја на нејзината официјална фејсбук страница.

Обид за поставување спомен плоча на Сашко Гешовски имаше и минатата година, но тогаш не беше постигнат консензус за натписот што ќе стои на неа.

Со последната одлука, на мермерната плоча што ќе биде поставена на зградата наречена Бановина пред која беше убиен Гешовски, прво на латиница, а потоа и на кирилица ќе пишува – Сашко Гешовски, Кавадарци, 31.10.1971 – Сплит, 6 мај 1991 година. За жал, почина на 6.5.1991 година.

33 години подоцна сѐ уште не се знае што точно се случи и како загина македонскиот војник, кавадарчанецот Сашко Гешовски.

Според официјалната верзија во Гешовски пукал маскиран припадник на Министерството за внатрешни работи на Хрватска, во моменти додека беше на задача во ЈНА, во Сплит.

На 6 мај 1991 година во хрватскиот град Сплит се одржаа демонстрации против тогашната ЈНА. Демонстрантите ја опколија зградата која сега се нарекува Бановина, а внатре офицери на ЈНА од различни националности не можеа да се согласат што треба да прават.

Гешовски е првиот војник и првиот Македонец што загина во војната во 1991 година. Со неговата смрт започна војната во поранешна Југославија. Во војната загинаа околу 40 македонски војници кои беа во редовите на ЈНА.

Во негова чест на градскиот плоштад во кавадарци е изградена централна кружна фонтана со висок млаз вода и две полукружни фонтани кои се изработени од темен материјал кој ја обиколуваат централната фонтана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ