петок, 14 јуни 2024

Градоначалникот Ѓорѓиевски ги поништи решенијата за градба на 12 згради во Црниче

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ја поништи одлуката која неговиот претходник ја предвидуваше, изградба на 12 габаритни згради во населба Црниче, соопштија денеска од Општината.

Објавено на

часот

Сподели

„Ја стопиравме иницијативата за измена на ДУП реон Ј, градска четврт Ј20, блок Ј20.03, со која во времето на мојот претходник, се предвидуваше изградба на 12 згради. Како што ветив и ги исполнив своите ветувања за Расадник, како што ја донесовме и целосно ја спроведуваме одлуката за забрана за изградба на станбени објекти со повеќе од 4 станбени единици во Пржино и Црниче, од денес е во сила и оваа одлука и наместо гигантски зданија, на посочената локација во Црниче, на сопственикот ќе му биде дозволена само реконструкција на објектот, старата печатница и тоа во постоечкиот габарит“, вели Ѓорѓиевски во соопштението на Кисела Вода.

Како што стои во соопштението, ќе останат скалите кои со измената на ДУП-от требаше да бидат отстранети и тие ќе бидат надополнети со пропратна опрема.

„Одговорно тврдам дека нови одобренија за изградба на згради во Пржино и Црниче нема да има, како што е зацртано во мојата одлука, која што е поддржана и од страна на Советот на општината, а и од сите жители од овој дел на градот. Во Пржино и Црниче ќе можат да се градат само куќи, кои што можат да имаат максимум 4 станбени единици. Времето во кое што под маската на А1 – куќи се градеа габаритни згради е завршено“, вели Ѓорѓиевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ