четврток, 31 октомври 2024

Градоначалникот на Пехчево побара помош од граѓаните за гаснење на пожарот

Александар Китански, градоначалникот на Пехчево, вечерва по состанокот на Кризниот штаб ги повика граѓаните да се приклучат во гаснењето на пожарот.

Објавено на

часот

Сподели

„Почитувани граѓани, пожарите во Пехчево сѐ уште се активни. Сите доброволци за гасење на пожарот во Пехчево да бидат на зборно место плоштад свети Петар и Павле со себе да понесат лопати“, се вели во апелот од Кризниот штаб.

Најстрого, како што додаде, се забранува самоиницијативно одење да се гаси пожарот.

Пожарот денеска попладне избувна кај месноста Јудови Ливади. На терен попладнето излегоа екипи на ДПД „Пехчево“, вработени во ТППЕ Берово, ЈПШС „Равна Река” Пехчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ