сабота, 27 јули 2024

Градоначалникот на Карбинци до министерот Спасовски: Нема ништо да ме исплаши!

Ниту една закана која ја испраќате нема да ме исплаши да ја кажам вистината. Наместо реакција за вчерашниот обид за киднапирање во Карбинци и расчистување, МВР демантира. Јавноста во Македонија мора да ја знае вистината, реагира Виктор Паунов, градоначалникот на Општина Карбинци за вчерашните изјави на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на вчерашниот ден во ООУ ‘Страшо Пинџур’ Карбинци се случи немил настан кога непознато лице со возило марка голф со скопски регистарски таблички се обиде да намами и заведе во своето возило двајца ученици од 9-то и 6-то одделение. Од исказите на учениците и сведоците, но и од доказот што едниот ученик земал пари од непознатото лице (кои подоцна ги предал на полицијата) и од надзорните камери се утврдува дека имало таков обид. Кои биле мотивите? Дали е нормално кога возрасен маж со возило за време на настава бара да оди на ‘кафе’ со малолетно девојче од 13 години и притоа девојчето видно вознемирено го пријавува случајот во училиштето, а училиштето до МВР, да се земе како случај кој не бил обид за такво нешто?

Наместо брзата реакција на училиштето да биде аларм за МВР, се случи спротивното, МВР демантира дека воопшто имало ваков обид.

Ниту една закана од страна на министерот Спасовски, ниту една закана од страна на доушниците кои ги испраќате нема да нѐ исплашите да реагираме на вакви непосакувани ситуации. Моја грижа се жителите на мојата Oпштина Карбинци, децата во училиштата, градинката и секој граѓанин во оваа општина! Политиката да ја тргнете надвор од реалната ситуација, а безбедноста да ја подобрите во интерес на сите граѓани.

Кога имате пријава од страна на директор на училиште и градоначалник на општина со индиции за ваков случај ова треба да биде сфатено и постапено со најсериозен пристап.

Со вакви изјави на министер, нервоза и потење пред камерите, граѓаните не се чувствуваат безбедни во Карбинци“, се вели во реакцијата на градоначалникот Паунов.

Синоќа министерот Спасовски кажа дека случајот во Општина Карбинци за наводно киднапирање деца е измислен за собирање политички поени. Рече дека станува збор за политиканти кои сакаат на мртви души да земат политички поени.

„Упатувам апел дека ова не смее да се употребува во политички цели. Ако некој смета дека се добиваат политички поени на мртви души, тоа е многу погрешно. Ако така мислел градоначалникот на Карбинци или некој друг, затоа се преземаат низа мерки и најстрого ќе бидат казнети сите кои предизвикуваат страв и несигурност кај граѓаните“, рече Спасовски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата за апсењето на Љупчо Палевски кој е првоосомничен за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Во ОУ „Страшо Пинџур“ во Карбинци вчера имаше прекин на наставата откако се рашири вест за неуспешен обид за киднапирање на ученици. По овој настан прекин на наставата имало и во две соседни села, Стар Караорман и Таринци, откако родителите си ги зеле децата од училиштата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ