четврток, 27 март 2025

Градоначалникот на Истанбул именуван за опозициски претседателски кандидат иако е во затвор

Турската опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) го именуваше градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу за кандидат на претседателските избори во 2028 година, и покрај неговото апсење, соопшти партијата на која ѝ припаѓа Имамоглу.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

ЦХП, главната опозициска сила во Турција, одржа во неделата партиски избори за именување претседателски кандидат.

Имамоглу, главниот противник на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, бил единствениот партиски кандидат.

Градоначалникот во неделата беше одведен во затворот Силиври, западно од Истанбул, заедно со уште неколку лица обвинети за корупција.

Неодамнешното апсење на Имамоглу предизвика протести во Турција каде се уапсени неколку стотици луѓе во девет градови.

Поддржувачите на опозицијата истакнаа дека протестите ќе продолжат и покрај забраната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ