сабота, 27 јули 2024

Градоначалникот на Гази Баба ја предупредува министерката за труд и социјална политика

Објавено на

часот

Сподели

Во објавата, Стефковски напиша: „До мене пристигнуваат информации дека вработените во Министерство за труд и социјална политика се под силен притисок на раководството на министерството за донесување на незаконска одлука за одземање на ингеренциите за детската градинка ‘Детска радост’ во скопската населба Автокоманда. Информациите говорат дека дел од вработените биле принудени да користат боледување со цел да ги избегнат притисоците.

Сакам јавно да апелирам до министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска да не води политичка борба врз грбот на децата во градинките.

За секоја незаконска одлука ќе има ревизија, а потоа и одговорност. Заштита на незаконско работење не смее да има за никого“, напиша Стефковски.

Минатиот месец градоначалникот Стефковски ја разреши директорката на градинката поради „утврдено незаконско работење“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ