сабота, 27 јули 2024

Градоначалникот на Гази Баба е тој што води политичка битка врз грбот на децата, реагира МТСП

Објавено на

часот

Сподели

„Ниту еден вработен во Министерството за труд и социјална политика кој е поврзан со инспекциски надзор, ниту одговорен во делот на детска заштита не користи боледување во овој момент. Исто така институцијата посочува дека вработените се докажани професионалци во својата област,  без никакви особини да потклекнуваат на притисоци од било која страна, посебно не од страна на министерката која е нивна долгогодишна колешка.

Сите акти кои ги носи министерството за труд и социјална политика се поткрепени врз основа на закон, додека политичката борба и политиканство на грбот на децата и детската заштита води токму градоначалникот, на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Одземените надлежности на градоначалникот се резултат  на прекршување на законот од страна на управниот одбор на ЈОУГД  Детска радост – Гази Баба и на прекршување на законот од страна на градоначалникот, Бобан Стефковски,  при водење постапка за разрешување на директор.

Министерството за труд и социјална политика апелира, градоначалникот Бобан Стефковски да прекине да шири лажни вести и дезинформации и при тоа да создава конфузија и немир помеѓу родителите на децата кои се згрижени во ЈОУГД  „Детска радост“, а сето тоа за ситни политички поени по што и е препознатлив“, се вели во реакцијата од министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ