сабота, 27 јули 2024

Градоначалникот на Дубровник добива смртни закани поради концерт на Здравко Чолиќ

Градоначалникот на Дубровник Мато Франковиќ денеска изјави дека анонимната смртна закана што ја добил поради концертот на Здравко Чолиќ на новогодишната ноќ ја пријавил во полиција, која потврди дека е покрената кривична истрага. Франковиќ истакна дека ова не е прва закана што ја добива како градоначалник или порано како претседател на градскиот совет на Дубровник.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

„Секоја од нив ја пријавував во полиција, па така и оваа, која дојде официјално на Градот Дубровник, веднаш штом ја добив. Заканата ја објавив јавно зашто треба да се предупреди и на одговорноста на оние што се закануваат. Не би рекол дека заканата е мала. Таа е сериозна“, рече тој. Тој додаде дека има добри односи со бранителската популација и дека не е сигурен дека зад анонимното писмо стои бранител.

„Бранителите се бореа за демократска држава, која почива на правни принципи, каде што нема забрани и каде што се почитуваат институциите. Тука има некој што се нарекол бранител и се претставува во име на 1-та и 4-та бригада. ‘Четвртата’ рече дека немаат никаква врска со тоа и дека ја поддржуваат мојата работа“, рече Франковиќ.

Франковиќ претходно денеска објави дека добил анонимна смртна закана поради новогодишниот концерт на Здравко Чолиќ.

„Другар Франковиќ, ние во 1991 година го браневме Дубровник од четниците и србадиите, а ти денес каниш српски пејачи на Страдун како Здравко Чолиќ и други Цеци српски што им пееја на четниците во Пале, сега мислиш дека тешко ќе го зезаш хрватскиот народ. Последна опомена, дека ќе го преораме со динамити целиот Страдун, а тебе ќе те обесиме на јарбол на Страдун“, стои во анонимното писмо, потпишано „Хрватските бранители Тигри и 4-та бригада на Хрватска, 10000 Загреб“.

„Честитка за добро утро од ‘бранителите’ што немаа храброст да се потпишат“, напиша Франковиќ покрај фотографијата од анонимното писмо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ