сабота, 27 јули 2024

Градоначалникот на Центар повикува да се пријавуваат неискосена трева, ѓубре и други проблеми

Граѓаните можат да пријават косење на трева, реконструкција и санација на урбана опрема или собирање смет на Јавните површини под надлежност на Општина Центар на телефонскиот број 076 350 767. Општина Центар и ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) ги потсетуваат граѓаните дека проблемите поврзани со јавната чистота и други комунални проблеми можат да ги пријават на општинските служби и хигиеничарите на ПОЦ истите да ги решат.

Фото: Oпштина Центар

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека досега на телефонската линија во ПОЦ се јавиле 159 граѓани.

„Ги повикувам граѓаните да ги пријавуваат проблемите. Хигиеничарите ги извршуваат своите дневни обврски по реони меѓутоа сме свесни дека многу брзо откако ќе исчистат на одредена локација за кратко време може да се направи мала депонија, затоа упатувам апел граѓаните да ги пријавуваат проблемите на телефонскиот број со цел службите побрзо да ги решаваат проблемите со јавната хигиена. Во делот на урбаната опрема службите на ЈП ПОЦ може да ги побарате и доколку во вашата околина има скршена клупа која треба да се реконструира, искршена лулашка или сличо. Верувам дека ова ќе придонесе да имаме побрзи резултати и зголемување на јавната хигиена во општината“, се вели во повикот од градоначалникот Герасимовски.

Тој апелира граѓаните да пријавуваат собирање на кабаст отпад во сопствените домови, а не кревети, вц школки и одредени габаритни работи да исфрлаат самите и истите да стојат на одредена локација со денови.

Општината Центар потенцира дека ќе бидат казнати граѓаните кои ќе бидат затекнати како оставаат кабаст отпад пред контејнерите. Во меѓувреме, се вели во соопштението, цистерната на ПОЦ неколку пати во неделата ги мие улиците и контејнерите со цел да ја отстрани непријатна миризба и да ги освежи улиците од насобрана прашина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ