сабота, 27 јули 2024

Градоначалникот на Белград проект од САД претстави како свој (ФОТО)

Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ најави денес дека наскоро ќе почне изградба на основно училиште и градинка во Вишњичка Бања.

Објавено на

часот

Сподели

Фотографиите од наводниот проект Шапиќ ги симнал од американска интернет страница, а во него се предвидува и изградба на бејзбол игралиште.

„Тоа ќе биде модерно училиште. Следната година влегува во планот и програмата на Град Белград, и, по некоја динамика, една година ќе трае изработката на проектната документација и сите дозволи. Очекуваме со градењето да почнеме на крајот на следната година, а можеби веќе во 2025, или во 2026 тука да имаме навистина големо училиште“, им кажа Шапиќ на новинарите.

Шапиќ наведе дека во план е и изградба на градинка, која ќе се наоѓа со училиштето.

Според она што го покажа, се чини дека Шапиќ планира да реализира до детаљ осмислен проект, но не за територијата на Србија. Фотографите од проектот на наводното училиште кои беа денес изложени до него се однесуваат на проектот Скајлајн хај скул на организацијата Гранит скул дистрикт. Проектот е веќе почнат во Соединетите Американски Држави.

сад-проект

На интернет страницата на Гранит скул дистрикт може да се видат фотографии од работата – покривот е веќе завршен, а за секој следен чекор на изградбата напредокот ќе се ажурира месечно. Во рамки на проектот е планирана изградба на терен за бејзбол, рагби, тенис и софтбол.

На фотографиите на оригиналниот проект јасно е назначено „Перформинг артс“ на училишната зграда, додека за потребите на белградскиот градоначалник тој натпис едноставно е покриен со црвена боја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ