„Секогаш тука за моите најдраги пријателчиња. По повод Светскиот ден на лицата со церебрална парализа, денес се одржа изложба подготвена од вредните рачиња на овие мои најдобри другарчиња. Темата на која твореа е Македонија, а тука беше претставено целото наше културолошко непроценливо наследство и традиција кои се дел од нашата историја, корени и нашата иднина гледана преку очите на лицата и децата со церебрална парализа. Овој ден е само уште еден повод да се сретнеме и да си го разубавиме секојдневието, бидејќи нашите дружби се доста чести. Следејќи ги нивните потреби, им отворивме клуб како соодветен простор за игра и дружење, кој е целосно финансиран од мене и мојот тим. Внимаваме на нивната социјализација, на нивната инклузија и како човек и градоначалник секогаш ќе бидам тука за нив. Сите заслужуваат еднаква шанса. Ви благодарам за денешниот ден и прекрасните подароци-изјави“, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски ја посети изложбата на изработки од децата со церебрална парализа
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес ја посети изложбата на изработки подготвени од децата со церебрална парализа, по повод одбележување на Светскиот ден на лицата со церебрална парализа. Поставена е во Домот на култура „Билјана Беличанец“, каде овие дечиња се дружеа со градоначалникот и останатите посетители.
Објавено на
часот