среда, 23 октомври 2024

Градоначалниците се пожалија дека Арсовска им ги игнорира сите мејлови и не им одговара

Денес по координативниот состанок на градоначалниците, Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Кисела Вода рече дека ниту еден градоначалник до сега не добил повратен мејл од Данела Арсовска за било кое прашање, консултација или проблем. Комуникацијата на Арсовска со локалната власт тој ја нарече улица во два правци.

Објавено на

часот

Сподели

Одржавме координативен состанок на сите градоначалници и беше разговарано околу алармантната состојба во градот Скопје. Од сите градоначалници беа изнесени поплаки дека не фунционира јавниот превоз, Водовод и канализација и другите јавни претпријатија. По ова доставивме предлог за да се одземат ингеренциите на Комунална хигиена и паркови и зеленило. Како градоначалници одговорно тврдиме дека како што ги обавуваме нашите задачи до сега, со дополнително зголемување на обврските ако се донесе новата одлука, ќе направиме напори барем за двојно да ја подобриме целокупната состојба во главниот град. На 50 степени нема општина каде нема ѓубре, парковите се валкани и со трева, нема населени места каде кантите за ѓубре не стојат по неколку денови… Едногласно бараме да се одземат надлежностите на двете јавни претпријатија и да се започне со процес на расформирање на овие претпријатија“, рече градоначалникот Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека дополнително ќе треба да се оствари состанок со Владата во врска со јавниот превоз на ЈСП.

„Постојано има граѓани кои ни праќаат дописи дека со часови се чекаат автобуси. Нема политика во ова, туку на сите ни е важен интересот на граѓаните. Во 21 ред има диви депонии на секој чекор, секаде каде Водовод има дефект не постапува или ќе постапи, а работата не се до крај завршена. Срамота е во Скопје да дојде турист во денешно време и се соочуваме со состојба од која сите се срамиме. Комуникацијата со Арсовска е улица во два правци. Нека кажат градоначалниците кога последен пат добиле одговор на мејл од Арсовска. Луксуз е во Град Скопје да ви вратат на мејл“, дополни градоначалникот на Кисела Вода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ