вторник, 23 април 2024
Меморандум за соработка за основање на локална акциона група

Градоначалниците на Илинден, Гази Баба, Бутел и Чучер Сандево со потпис се обврзаа на проекти за развој

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со градоначалниците на општините Гази Баба, Бобан Стефковски, на Бутел, Дарко Костовски и на Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ, потпишаа Меморандум за соработка за основање на локална акциона група (ЛАГ).

Објавено на

часот

Сподели

Со потпишувањето на овој Меморандум сите општини, потписници партнерски ќе учествуваат во основањето на ЛАГ- локална акциона група, како и ќе направат подготовка на Стратегија за ЛАГ за локален развој на руралните средини во општините Илинден, Гази Баба, Бутел и Чучер Сандево, врз основа на законот за земјоделство и рурален развој.

Според градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски основањето на оваа Локална акциона група треба да придонесе кон нов пристап за развој на овие овие четири општини, со што ќе се зголемат можностите за добивање на поголеми финансиски средства за имплементација на проекти.

Воедно, додаде дека развојот на руралните делови од Општина Илинден е од големо значење, затоа во наредниот период ќе се дефинираат приоритетите, мерките и насоките за реализација и имплементација на повеќе проекти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ