понеделник, 28 октомври 2024

Ѓеорѓиевски и Јакимовски седнаа на заедничка маса, Костадинов не дојде на средбата

ЗЕЛС не е тој што предизвикува кризи, ЗЕЛС ги надминува кризите, изјави денеска претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски по средбата со градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски. Тој информираше дека иако поманет, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов не дошол на средбата. Ѓеорѓиевски се надева дека неговиот земник во ЗЕЛС, градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов ќе посредува помеѓу ЗЕЛС и струмичкиот градоначалник Костадинов затоа што и двајцата доаѓаат од истата партија, СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти ЗЕЛС, градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов не дошол на состанокот на кој беше поканет.

На средбата Ѓорѓиевски истакнал дека секогаш имало несогласувања меѓу одреден градоначалник и министер и додал дека тоа е логично кога се работи да постојат и такви несогласувања.

„Ние сме тие кои влегуваме во директна медијација на процесот и верувам дека ќе ги надминеме какви и да се разликите и колку и длабоки да се истите. ЗЕЛС останува обединет и понатаму. Во наредниот период ќе продолжиме со интензивна комуникација и со Струмица. Колегата Перо Костадинов, кој е мој потпретседател и доаѓа од редовите на Социјалдемократскиот сојуз, ќе се потруди во тој дел како колега, како припадници на иста политичка партија со Костадин Костадинов да седнеме заеднички на маса и верувам дека, како и Стевче што кажа дека нема да излезе од ЗЕЛС и остава простор на процесот да ги надминеме проблемите, истото ќе се случи и со општина Струмица“, изјавил претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски, додавајќи дека ќе застанат зад секој градоначалник без разлика од која било политичка партија да доаѓа.

Од ЗЕЛС информираат дека во текот на наредните денови ќе направат обиди за организирање средби меѓу градоначалниците и претставниците на централната власт.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски пред неколку дена во гостување на МТВ оцени дека се прави вештачко креирање на проблеми и дека има политика во најавите на градоначалниците на Струмица и Карпош за излегување од ЗЕЛС. Ѓорѓиевски посочи дека струмичкиот градоначалник одбива комуникација и подадена рака од другите колеги, ставајќи ги во заложништво своите граѓани заради свои политички цели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ