сабота, 27 јули 2024

Градоначалничката на Скопје, по Љубљана и Загреб, е најплатена во регионот

Објавено на

часот

Сподели

Платата на градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, несметајќи го додатокот за стаж, изнесува 2.696 евра, додека неговиот хрватски колега, градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ заработува 2.318 евра месечно. Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, моментално зема плата од 2.036 евра, а се утврдува со множење на висината на просечната плата на ниво на република со коефициент 3,70.

Месечната плата на градоначалничката на Подгорица, Оливера Ињац е 1.562 евра, а пак „мајката“ на Сараево Бенјамина Кариќ заработува 1.510 евра месечно, без надоместоци, додека најниска плата во споредба со другите градоначалници на поголемите градови во регионот има првиот човек на Белград, Александар Шапиќ – 1.399 евра.

Апсолутен рекордер по заработка во земјите од поранешна СФРЈ е градоначалникот на Бјелина, Љубиша Петровиќ, чија месечна плата е 3.305 евра. По него е најплатениот градоначалник во Хрватска – првиот човек на Задар, Бранко Дукиќ, кој заработува 3.026 евра месечно, додека примањата на другите градоначалници на најголемите градови во регионот се под 3.000 евра.

Просечната плата на градоначалниците на десетте најголеми градови во Словенија е 2.555 евра, во Хрватска е нешто помала и изнесува 2.422 евра, додека просечната во Босна и Херцеговина е 1.934 евра. Градоначалниците на најголемите градови во Србија имаат најниска просечна плата на територијата на поранешна СФРЈ – 1.092 евра. За жал во истражувањето на Н1 недостасуваат платите на уште десет градоначалници од Македонија и од Црна Гора.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ