сабота, 27 јули 2024

Градоначалничка во Мексико убиена на улица, лани беше жртва на киднапирање

Непознати напаѓачи ја убиja градоначалничката на Котиха, град во западно Мексико, 24 часа откако за прв пат во историјата на земјата е избрана жена за претседател, соопштија утринава регионалните власти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Владата на државата Мичоакан го осуди убиството на претседателката на општина Котиха, Јоланда Санчез Фигероа.

Потрагата по одговорните за убиството е во тек.

Медиумите објавија дека напаѓачите биле вооружени цивили во комби и дека нападот бил на улица.

Санчез Фигероа беше киднапирана во септември минатата година недалеку од Гвадалахара.

На изборите во Мексико за прва претседателка во историјата на таа земја беше избрана Клаудија Шајнбаум Пардо.

Кандидатката на левичарската партија Морена на изборите викендов освои речиси 60 отсто од гласовите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ