Владата на државата Мичоакан го осуди убиството на претседателката на општина Котиха, Јоланда Санчез Фигероа.
Потрагата по одговорните за убиството е во тек.
Медиумите објавија дека напаѓачите биле вооружени цивили во комби и дека нападот бил на улица.
Санчез Фигероа беше киднапирана во септември минатата година недалеку од Гвадалахара.
На изборите во Мексико за прва претседателка во историјата на таа земја беше избрана Клаудија Шајнбаум Пардо.
Кандидатката на левичарската партија Морена на изборите викендов освои речиси 60 отсто од гласовите.