Како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) во Велес по дојава од градежната фирма нивна екипа излегла на терен и пронашла артилериска граната 75 милиметри.
„Гранатата била комплетна со зрно, чаура и барутно полнење, а пиротехничарте успеале да ја отстранат околу 19 часот“, информираат надлежните.
Лани на истата локација исто така беше пронајдена и отстранета поголема артилериска граната од 105 милиметри, информираат од ДСЗ.