сабота, 27 јули 2024

Градежни работници и бремени жени работат за време на топлотниот бран, тврди Гласен текстилец

Објавено на

часот

Сподели

„Од Скопје и Штип имаше пријави за градежни работници, работници од јавни претпријатија во текот на вчерашниот ден. Гледаме да реагираме со Трудовиот инспекторат и за ослободување и на бремените жени, а за хронично болните министерството за здравство сметаше дека нема потреба да бидат ослободени од работа“, вели Ампева за МИА.

Посочи дека зголемена е свеста кај работниците, но и на граѓаните кои пријавуваат работа на градежните работници на отворено. Таков пример имало вчера од страна на граѓани, кои реагирале дека градежни работници работат на објект, како и дека на терен се и работници од јавни претпријатија од Скопје.

„Граѓаните прашуваат каде да пријават, значи тие забележуваат дека се прекршуваат правата на работниците и работат на изложеност на сонцето, а се знае од колку до колку не смеат да работат. Така што мене ми е многу мило што самите се јавуваат на телефоните на Трудовиот инспекторат“,  рече Ампева.

Таа посочи дека во овој период имаат и добра соработка со инспекторите, кои веднаш реагираат на терен.

„Додека се вршени тие контролни надзори можам да кажам дека се ослободени голем број на бремени жени од текстилниот сектор, потоа има супер маркети, па и во здравствена установа. Но интересно е дека при тие надзори најдени се и голем број на непријавени работници. Така што овде имаме поопсежна работа на терен“, вели Ампева.

Прашана за реакцијата на текстилни работнички дека се возат во неклиматизирани автобуси, Ампева потврдува дека вакви реакции имаат од работничките во овој сектор и веќе е реагирано до надлежните институции.

„За превозот на работниците ми е жал што сообраќајна полиција не е присутна на терен за да виде дека има претовари во автобусите со кои се превезуваат работници. Не можам да кажам за сите работодаваци, но има и кои имаат сопствен превоз и се придржуваат до мерките. Генерално сликата е таква, каква што е и може да се виде на постојките од 14.30 па понатаму кога работниците заминуваат дома од своите работни места“, вели Ампева.

Посочи дека информиран е и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, а веќе денеска добила одговор од него оти општинскиот сообраќаен инспектор ќе се координира со сообраќајната полиција и инспектор од безбедност и здравје на работа да излезат на терен и да видат во какви услови се превезуваат работниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ