сабота, 27 јули 2024

Градежни работници во Битола ископаа над 100 пушки од балканските војни

Во поранешната касарна во Битола, каде Општината започна изградба на нов противпожарен дом пронајдени се над 100 пушки кои датираат од балканските војни. Работниците кои изведуваат градежни работи ги ископаа пушките. Бидејќи станува збор за оружје градежните работи се привремено запрени.

Објавено на

часот

Сподели

„Изведувачот на градежните работи на локацијата каде што треба да се изгради новата противпожарна зграда, најдена е поголема количина на лесно оружје. Активностите во моментот се запрени. Според правилата пријавено е до Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување. Видовме дел од оружјето, тоа се претежно пушки, над 100 парчиња кои се извадени на оваа локација. Според нивното кажување, датираат од периодот на Балканските војни. Битола во тој период и како територија и како регион била една од најбомбардираните места за време на Балаканските војни и Првата светска војна, така што ова не е нешто невообичаено. Активностите се прекинати додека оваа локација не биде обезбедена онака како што треба и како што тоа го налага законската регулатива“, изјави градоначалникот Тони Коњановски кој изврши увид на теренот.

Градоначалникот Коњановски и претставниците на Дирекцијата за заштита и спасување најавија организирани едукативни активности во соработка со воспитно-образовните институции, со цел едукација на младите за начинот на постапување и соодветно пријавување во случаи на затекнато старо оружје на одредени локации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ