недела, 20 октомври 2024

Градежни работници исекле кабел на ЕВН и предизвикале пожар

Вчера во 14 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во село Раштак, скопско.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека неколку градежни работници, кои биле ангажирани преку градежна фирма да работат на плац, исекле кабел за електрична енергија и од искрите настанал пожар при што биле опожарени сува трева, нискостеблеста шума и една бандера на ЕВН, која паднала и предизвикала пожар во дворовите од викенд куќите на Б.П. и И.А., двајцата од Скопје“, соопшти МВР.

Пожарот бил изгаснат, повредени нема.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ