„Во 14:05 часот во ОВР Берово вчера од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.Г.(34) од Тетово. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи на објект во изградба на ул. Маршал Тито во Берово“, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.