сабота, 27 јули 2024

Градежен работник почина од повреди на градилиште во Центар Жупа

Албански државјанин при изведување градежни работи во селото Баланци, општина Центар Жупа, се здобил со тешки повреди и починал. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски потврди дека се работи за 41-годишен жител од Пешкопеја.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 16.20 часот, во Одделението за внатрешни работи во Дебар е пријавено дека, Т.Д.(41) од Пешкопеја, Република Албанија, при изведување градежни работи во селото Баланци, општина Центар Жупа, се здобил со тешки телесни повреди и починал“, изјави Димовски.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршиле полициски екипи и овластени лица од Државниот инспекторат за труд.

На подрачјето на оваа и соседните општини Дебар и Маврово и Ростуше, албански државјани од пограничните населени места се ангажирани како градежни работници, дрвосечачи, но и во сточарството.

                                                                          Фото: Илустрација

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ