сабота, 27 јули 2024

Градел на државно земјиште со помош на инспекторка од Куманово

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Н.А. (42) поради постоење основи на сомневање за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“ и против Л.Т. (59), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување“.

Објавено на

часот

Сподели

Во 2021 година, првопријавениот без одобрение за градба извел градежни работи и изградил градба на државно земјиште, за што од овластен градежен инспектор бил изготвен записник за инспекциски надзор и е изготвено решение за отстранување на градбата. Второпријавената, како советник инспектор-овластен градежен испектор во Одделение за инспекциски надзор во урбанистичко градежна и комунална дејност, животна средина и угостителска туристичка дејност, не извршила инспекциски надзор иако предметната градба која што се наоѓа на катастарската парцела припаѓа во реон на второпријавената.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ