сабота, 27 јули 2024

Град во Јапонија подигна ограда во обид да ги спречи туристите да ја фотографираат планината Фуџи (ФОТО)

Јапонскиот град Фуџикавагучико денеска постави голема мрежеста бариера на популарното место за гледање на планината Фуџи во обид да го одврати се поголемиот број туристи од фотографирање.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Најпознатата глетка во Јапонија може да се види со километри наоколу, но на локалното население на Фуџикавагучико им е доста од претежно странските посетители кои фрлаат отпадоци, навлегуваат на приватен имот и ги кршат сообраќајните правила за да направат фотографии кои ги споделуваат на социјалните мрежи.

Паркирајќи незаконски и игнорирајќи ја забраната за пушење, тие се туркаат на тротоарот за да ја фотографираат планината покриена со снег како фотогенично се издигнува на небото зад продавницата, велат жителите.

Работниците денеска почнаа да ја поставуваат црната мрежа со димензии 2,5 на 20, а до доцна утрото веќе беа готови, изјави новинар на АФП од местото на настанот.

„Се надевам дека мрежата ќе ги спречи овие опасни акции на туристите“, изјави за АФП жителката Мичи Мотомочи (41), која води традиционална јапонска слаткарница.

„Мислам дека е разочарувачки што ја поставуваат. Сепак е култна глетка. Бевме овде синоќа, успеавме да ја направиме последната фотографија пред да ја кренат оградата, а имаше толку многу луѓе“, рече Кристина Ројс ( 36), туристка од Нов Зеланд.

„Но, одлуката е сосема разбирлива. Доста е опасно поради сообраќајот. Има и други места од каде можете да ја фотографирате планината“, објаснува туристката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ