четврток, 27 март 2025

Град со најдобар јавен превоз каде чекањето е сведено на минимум

Хонг Конг речиси без исклучок го зазема првото место на листите на светските градови со најдобар јавен превоз поради неколку причини – и тоа секако не е случајно.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Јавниот превоз е еден од клучните ставки кои влијаат на квалитетот на животот во еден град, судејќи според задоволството на корисниците, како и развојот и ефикасноста на мрежата на јавниот транспорт, Хонг Конг со право може да се пофали со најдобриот јавен превоз во светот.

Негови конкуренти се некои азиски градови како Шангај и Пекинг, како и скандинавските земји и Швајцарија, додека остатокот од светот може сѐ уште да се грижи поради доцнењата, гужвите и расправиите дали патниците треба прво да излезат од возилото или да влезат.

Хонг Конг речиси без исклучок го зазема првото место на листите на светски градови со најдобар јавен превоз од неколку причини и тоа секако не е случајно. Во тој град, јавниот транспортен систем е високо развиен, има добро изградена инфраструктура и се карактеризира со пристапност и голема густина на станици и терминали.

Метрото во Хонг Конг или МТЖ (Железница за масовен транзит) е еден од најнапредните системи на подземната железница во светот. Преку него се прават околу 10 милиони патувања секој ден, а возовите сообраќаат толку често што времето на чекање речиси никогаш не надминува неколку минути – дури и за време на сообраќаен метеж.

МТЖ е поврзан и со други форми на јавен превоз, како автобуси, трамваи, траекти, па дури и аеродромски трансфери, патниците можат бесконтактно да плаќаат билети, што значително придонесува за намалување на метежот. МТЖ е и единствениот метро систем чии платформи се опкружени со стаклени врати.

Железницата за масовен транзит во Хонг Конг се состои од 166 станици, каде доцнењата и прекините во сообраќајот се сведени на минимум. Во голема мера благодарение на ефикасниот јавен превоз, Хонг Конг има многу ниска стапка на сопственост на автомобили, и иако е огромна метропола, всушност е погодна за пешаците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ