сабота, 27 јули 2024

Град Скопје тврди дека воздухот во главниот град не е загаден

Утрово како и секој друг ден од почетокот на грејната сезона сведоци сме на лажни вести кои во 21. век, во ера на информатичка технологија, кога податоците и вистината се достапни за секого може да се проверат, реагираат од Град Скопје. 

Објавено на

часот

Сподели

„Неразбрлива е за нас потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на градот Скопје, особено поради фактот што светскиот мониторинг сервис „WAQI“ кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите градови во светот, јасно покажува дека Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот. Дополнително и на националните мерни станици се потврдува истото. Како најзагадени градови во Македонија во последните 48 часа се Кавадарци, Струмица и Тетово. Во реално време можете да ги следите резултатите од мерењата од сите градови и држави во светот на https://waqi.info/

Демантот очигледно е насочен и кон МКД.мк. Но, нема лажна вест во текстот во кој велиме дека  Од утрово Скопје е завиткано во густа магла. Воздухот е загаден. На специјализираната интернет-страница Ервижуал (AirVisual) на табелата на 100 главни или големи градови во светот, Скопје според лошиот квалитет на воздухот се најде на деветтото место, додека Сараево, кое е во котлина и затоа во зима знае да има слични климатски услови како Скопје, е на второто место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ