сабота, 27 јули 2024

Град Скопје поддржа 116 проекти за развој и унапредување на спортот и образованието

Објавено на

часот

Сподели

На јавниот повик за кофинансирање на програмски активности на здруженија, фондации и други правни лица, кои предвидените проектни активности ќе ги спроведат во средните училишта на Град Скопје и учество ќе земат учениците и наставниците, согласно Програмата за активностите на Градот Скопје од областа на средното образование во 2022 година, пристигнаа 23 апликации. Градот Скопје донесе одлука за кофинансирање на 20 проекти, со вкупен износ од 2,5 милиони денари обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2022 година.

Програмските активности кои се поддржани преку кофинансирање и се реализираат во средните училишта под надлежност на Град Скопје се насочени кон следниве приоритети: Справување со актуелните предизвици на здравствената криза односно унапредување на дигиталната писменост на сите членови на училишните заедници; психосоцијална помош на членовите на училишната заедница за справување со разните форми на насилството, а во прв ред со сајбер-насилството кое станува актуелно за време на учењето од далечина; едукација и промоција за градење на здрави животни стилови кај младите преку јакнење на свеста кај средношколците и пошироката јавност за личната одговорност во заштитата на сопственото физичко, психичко и социјално здравје; унапредување на животната средина преку подигање на свеста на средношколците за личната одговорност во одржувањето на чистата и здрава животна околина; истражувања и промоција на родовата равноправност, ученичките права, слободи и развој на креативност; и Организирање манифестации на кои ќе се презентираат училишните постигнувања, ќе се промовираат најдобрите ученици и ќе се претстават резултатите на воспитно-образовната дејност пред пошироката јавност.

 

 

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ