Во следните неколку денови во училиштето се организира натпревар на ученици од 22 средни училишта по предметот физика, не само од Град Скопје, туку и од останатите градови од Македонија.
„Средното стручно образование е иднината и навистина сум горда што имаме 23 скопски средни училишта кои продуцираат кадри, кои навистина се квалитетни, добри, професионални и од она што понатаму гледаме од нивниот кариерен развој дека се успешни. Затоа би сакала, да ги охрабрам учениците, кои се нашата иднина, како и наставниот кадар, професорите, директорите, кои се залагаат нашите деца да бидат што е можно подобри да продолжат со добрата работа. Воедно ги охрабрувам и општествено одговорните компании сѐ повеќе да инвестираат во учениците и училиштата, затоа што така инвестираат во сопствените кадри, но исто така и во иднината на Македонија, затоа што младите се нашата иднина“, истакна Арсовска.
Вкупно 66 ученици од 22 училишта се натпреваруваат на тема електротехника по предметот физика. „Деновите на електротехника“ траат од 2 – 6 мај, а финалето на натпреварот по физика ќе се одржи во најсовремена лабораторија по електротехника со професионална опрема.