сабота, 27 јули 2024

Град нема да може да се спречи да врне, годинава нема да има авионско засејување на облаците

Објавено на

часот

Сподели

                                                                               Авионите за засејување ќе останат приземјени

„Авионското засејување на облаците беше ефикасна метода која успешно се спроведуваше од 2019 година, со што во повеќе наврати успешно беа спречени штети од град врз земјоделските посеви низ целата територија. За жал, војната во Украина предизвика големо нарушување на светскиот пазар на реагенси кои се користат како компоненти во ракетните горива, поради што ваквите реагенси се дефицитарни и тешко достапни.

Управата за хидрометеоролошки работи уредно спроведе постапка за јавна набавка, но за разлика од минатите години, овој пат на повикот не се пријави ниту еден економски оператор.

Управата ќе продолжи да ја следи состојбата и веднаш штом пазарот со реагенси ќе се стабилизира, повторно ќе распише нова јавна набавка за активирање на мерката за заштита од град по пат на авионско засејување. Во меѓувреме, Управата преку својата веб страна и медиумите, редовно ќе известува за временските услови и навремено ќе алармира за можни временски непогоди со цел земјоделците навремено да превземат мерки за заштита“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ