Грабул во финалето беше поуспешен од Шендрит Деари, кој го играше своето шесто финале, но поради повреда го предаде финалниот меч. Во моментот на прекин Грабул водеше со 1-0 во сетови (61) и 3:0 во вториот сет.
Финалистот Деари повредата на грбот ја доби на вчерашниот полуфинале меч против Стефан Мицов.
До шампионската титула Грабул постигна пет победи: Марко Стоилковски (1.коло), Петар Пројковски (2.коло), Томислав Јотовски (1/4 финале), Иван Манасов (1/2 финале) и Шендрит Деари (финале).
За Грабул беше финале по пауза од три години и негова вкупно седма титула (2023, 2016, 2015,2014, 2007, 2006, 2003) во 13.то финале од 2001 година.